Модна катастрофа! Баленсијага продава торбички од 1.790 долари кои личат на пластични кеси за отпадоци

Луксузната шпанска модна куќа направи торбичка од телешка кожа со врвка, која брендот ја нарекува „торбичка за отпадоци“,во четири различни бои:  црна, бела, сина и жолта.
Многу луѓе се огласија на социјалните мрежи запрашувајќи се дали брендот спроведува социјален експеримент или едноставно ги трола луѓето. Парчето првпат дебитираше како дел од ревијата на Баленсијага „есен 2022“ за време на модната недела во Париз во март.
Демна Гвасалија, креативниот директор на Баленсијага, рече дека насловите предизвикале болка кај него.
На прашањето за контроверзниот производ Демна изјави : „Не можев да пропуштам прилика да ја направам најскапата кеса за отпадоци во светот, бидејќи кој не сака моден скандал?“
Сепак, луѓето беа збунети од торбичката за отпадоци и разочараните обожаватели се огласија на Твитер за да ги кажат своите размислувања.
Еден корисник рече: „Луксузната мода е легална кражба. Високата мода во овој момент е шега. Баленсијага направи торбичка како „ќеса за отпадоци“ за 1.790 долари. И згора на таквите глупости, многумина од вас би ја купиле“.
Други напишаа: „Убеден сум дека овој потег на Баленсијага е социјален експеримент затоа што нема шанси да наплаќаат 1800 долари за кеса за отпадоци?“
Сепак, една личност се чинеше дека е збунета од сите негативни твитови, велејќи: „Се чини дека сите ја мразат таа кеса за отпадоци од Balenciaga, но јас ја сакам“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *