„Моето момче ме запроси со прстен од 10 долари, сега се каам што реков „Да“ и не знам што да правам“

Ми треба совет за една деликатна работа.
Мојот дечко со кој сум 2 години пред некое време ме запроси си прстен од 10 долари.
Бев шокирана па реков „Да“ без размислување. Но, сега се каам.

 

Со дечко ми се запознавме на факултет и оттогаш сме нераздвојни. Тој отсекогаш е штедлив човек, но никогаш не очекував дека тоа ќе му биде важно и кога станува збор за нашата свршувачка.

Разбирам дека не е толку важна цената на прстенот, но принципот според мене е важен.
Се чувствувам како да не ме цени доволно за да ми купи прстен како што треба.
Не ми треба ништо екстравагантно, но барем очекував нешто што не е купено од продавница „Се за еден долар“.

Знам дека можеби нема многу пари, но тоа не е изговор.
Има доста добра работа и знам дека штеди пари за да си купи нов автомобил.

За да биде уште полошо пријателите на заобиколен начин ме исмеваат за прстенот.
Постојано ме прашуваат дали е шега и дали го има земено од автомат за играчки.
Навистина е понижувачки.

Не знам што да правам. Го сакам, но не можам а да не се чувствувам дека тој не ме сака доволно за да се потруди.
Се надевам дека ќе ми дадете некој совет како да се справам со ситуацијата.

  • Васе напиша:

    А, шо прајме со љубовта??? Не е се у парите викаат старите! Но, никад није касно, да се љуби страсно (Djordje Marjanovic – Nikad nije kasno (1978), смисли некоја л’жга и фачај гитла!!! Очигледно идниот младожења е убав, има голем (о)… срце, но и празни џепои!?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *