„Мојата 4 годишна ќерка сама си ги избуши ушите со стара обетка. Воопшто не ја карав, бев горда на неа!“
Мајката на три деца Бријана Атијас добила жестоко потсетување дека децата никогаш не треба да се остават насамо подолго време.

„Никогаш не би очекувала вакво нешто“, изјави 28-годишната креаторка на содржина од Торонто.
Атијас се шминкала во бањата кога Еверли (4) влегла и гордо објавила дека си ги прободела ушите сама користејќи стара обетка од фиоката на нејзината мајка. Додека Атијас на почетокот мислела дека тоа е шега, по повнимателна проверка таа сфатила дека нејзината ќерка навистина си го дупнала увото со обетка.


На прашањето дали боли, Еверли рекла: „Не“.
„Таа е нашата бунтовничка“, изјави Атијас.
И Атијас и нејзиниот сопруг, Камерон, биле „шокирани и „воодушевени“ од храброто однесување на Еверли. Но, наместо да се налутат или вознемират, тие се смееле.
„Можеби звучи некако лудо, но јас бев горда на неа“, изјави Атијас, шегувајќи се дека и таа „некогаш била дете“ и дека „заштедиле пари“ со методот на Еверли.

Целото искушение беше објавено на „TikTok“, каде што видеото последователно стана вирално и допре до милиони гледачи, вклучително и Џулија Фокс, која ја увери загрижената мајка дека го правела истото како дете.
„Си ги прободев ушите во основно училиште, затоа не грижете се дека таа е на вистинскиот пат“, искоментира Фокс на социјалните мрежи на семејството.

„Мојата 4 годишна ќерка сама си ги избуши ушите…“
„…и гордо објавила дека си ги прободела ушите…“
…„нејзината ќерка навистина си го дупнала увото…“
Е, толку да се било НЕПИСМЕН/А и сеуште да се работело во Мотика…тоа го има само во Македонија.
Па три пати употреби различни зборови за да кажиш едно нешто.
100% учителката не те научила како правилно да си го користиш сопствениот јазик!!!
Коментирај анонимно