„Мојата четиригодишна ќерка искрши шишенце Шанел, парфем од 200 долари, кај мојата најдобра пријателка – одбивам да ѝ платам, а еве зошто!“

Ела се обрати на корисниците на Интернет, да ѝ помогнат дали е во право или е лоша пријателка.

 

Ела го оставила своето дете кај нејзината пријателка Шарлот бидејќи морала да заврши некои работи. Мајката била загрижена бидејќи нејзината пријателка имала беспрекорно средена куќа, но Шарлот ја убедила дека нема никаков проблем и среќна е да помогне и да ја чува ќерка ѝ неколку часа. Но, Ела била шокирана кога се вратила и ја видела својата пријателка бесна, а нејзиното дете како плаче. Шарлот ѝ рекла дека детето скршило скап парфем Шанел и дека таа очекува да ѝ биде вратен.

„Шарлот ми кажа дека треба да ѝ се оддолжам за парфемот со тон што имплицираше дека е сосема природно да се очекува од мене да го направам тоа. А мојата ќерка ми кажа дека Шарлот ѝ рекла дека може слободно да оди во бањата и да си игра со „убавите шишенца“ парфем. Таа го земала шишенцето, но ѝ се лизнало од раката, паднало на плочките и се скршило. Мојата ќерка веднаш ја признала грешката и ѝ се извинила на Шарлот, но таа збеснала. Потоа Шарлот ми прати порака кога може да ги очекува парите на сметка. Јас одбив да платам. Ѝ објаснив дека не требало да ги остави шишенцата таму, а уште помалку да ѝ дозволи на ќерка ми да си игра со нив. Имам чувство како намерно да го направила тоа. Се знае дека кога чуваш дете не ги оставаш скапите работи на дофат, а уште помалку му велиш да оди слободно да си игра“.

Па што мислите, кој е во право?

  • Љубе напиша:

    Нормално мајката е во право ако имала другарката скапи работи можела да ги тргни настрана, но според ситуацијат другарката сакала да ја насамари мајката за да и земи пари. Но, поуката е следната материјалните работи се купуваат, но не се купува пријателство со материјали тоа се заслужува од самиот човек колку е човек.

    Низ светот има разни табиети и личности, но пријателите знаат да ги искористат некои добри пријатели но после тоа нив никаде ги нема односно ги има само кога ќе имаат проблеми и нив ги бараат.

  • aneta напиша:

    tocno ljube ama muabetov ke bit Abe deca se, si igrale..dali toa znaci priomer v prodavnica ako skrshat nesto ne treba da se plati?..Deca se,..nekoj go plaka toa

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *