„Мојата ќерка има 4 години и ѝ ја направив првата тетоважа. Луѓето ме осудуваат, но таа го сака тоа така да не ми е гајле за другите“

Клипот, кој стана вирален со преку четири милиони прегледи на ТикТок, покажува како таткото ѝ прави тетоважа на својата ќерка од нејзиниот омилен ТВ лик – Моето мало Пони. Весли, кој е уметник за тетоважи, прво става матрица од цртежот на раката на неговата ќерка и се чини дека таа го сака тоа искуство. Таа може да се види како го гледа секое движење на нејзиниот татко со огромна насмевка на лицето.

 

Уметникот за тетоважи со седиште во САД набрзо стана вирален  и предизвика контроверзии откако некои луѓе претпоставија дека тетоважата е вистинска.

Едно лице коментираше: „Ова ако е вистинска тетоважа треба да го тужат“.

Друг напиша: „Зошто се тетовира на млада возраст?

 

И покрај бурните реакции, таткото продолжи да направи втора сесија за тетоважа со својата ќерка, која очигледно го сакаше тоа искуство. Додека некои луѓе беа огорчени поради тетоважата, многумина ја видоа како сладок спомен меѓу татко и ќерка и го пофалија уметникот за тетоважа.

Едно лице напиша: „Ова е многу слатко! Таа беше многу среќна за тетоважата“.

Друг напиша: “Толку слатко, ја сакам нејзината смеа! Таа е толку возбудена“.

„Секој што кажува нешто негативно за ова, очигледно нема свој живот… се што гледам е одличен татко кој штотуку направи прекрасен спомен со својата ќерка“, тврди третиот.

  • Sasho напиша:

    samo Stalin za ovie,

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.