„Мојата најдобра другарка и деверуша ми откажа присуство на мојата свадба за да оди на концерт на Тејлор Свифт. Мислам дека со право се налутив“

Илјадници луѓе останаа во шок, откако една девојка открила дека нејзината деверуша и откажала присуство на нејзината свадба поради концерт на Тејлор Свифт.

Џес, од Мелбурн, е фрустрирана поради тоа што нејзините гости се откажале од нејзината венчавка за да одат на концерт на Тејлор Свифт, која настапувала истата вечер на 17 февруари.

 

 

Нејзината најдобра пријателка и деверуша Оливија ја објавила веста дека и таа предвреме ќе ја напушти прославата за да присуствува на концертот на суперѕвездата – а Џес не го прифатила тоа добро. Оливија ги купила билетите во декември и сакала да и каже на невестата дури и додека купувала фустани за деверуши.

Џес била во неверување и прашала дали нејзината деверуша се шегува.

„Таа знаела за ова уште во декември, но ми кажа само три недели пред мојата свадба“, напишала Џес.

 

Оливија била убедена дека нејзиниот план ќе успее бидејќи мислела дека шоуто ќе трае само неколку часа, но подоцна сфатила дека Тејлор ќе настапува и подолго.

Оливија напишала дека се чувствува како лоша пријателка, но веќе се било залудно…

Како би изреагирале вие да сте на местото на Џес?

 

  • Васе напиша:

    И на мене, најдобар другар и комшија се ожени, па нејќе здраво да ми каже!!!
    Не е тоа другарка, терај даље, проблемите тек ти почнуваат невесто (после свадбата)!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *