„Мојата пријателка се грижи за мојот здрав сопруг додека сум болна и јас сум љубоморна. Ама мислам дека после тоа во кујната имам право“
„Мојата пријателка Сара имаше проблем да најде стан што може да си го дозволи па јас и маж ми се одлучивме да ѝ помогнеме. Таа живее со нас додека не најде нешто добро.
Таа живее во една вишок соба во нашата куќа. Пред неколку дена јас се почувствував болна и не можев да правам ништо. На маж ми не му треба помош кога станува збор за домашни обврски. Тој и чисти и готви одлично. Сара сепак се одлучи да му помогне иако тој ниту бараше, ниту имаше потреба.

Во последно време таа постојано готви некои јадења за маж ми и му ги пегла алиштата. Не го прави истото и за мене.
Вчера направи пита од тиква и ги слушнав маж ми и Сара како се смеат во кујната. Се симнав во кујната и ги прашав што прават. Сара веднаш престана да се смее и ми рече да се вратам во кревет затоа што сум болна и треба да одморам. Сакав да останам со нив но и маж ми инсистираше да се вратам. Се вознемирив, се вратив во кревет и заспав.
Имам чудно чувство дека на Сара ѝ се допаѓа мојот сопруг и сака да ми го земе. Од друга страна можеби само сакаа да се одморам. Не знам што да правам и како да се чувствувам“.

Ти амо префрлајсе од кревет на кревет и не кувај а не Сара него и Ецка ќеневка ќе го земе мажот твој
Коментирај анонимно