„Мојата венчавка беше уништена од морничава жена која се идентификува како мачка“

На една жена речиси ѝ беше уништена венчавката на отворено кога непоканета жена која се преправаше дека е мачка – со маска, уши ин лажна опашка, таа ползеше на нејзините раце и колена зад олтарот.

Отпрвин, невестата Мистик Морис од Оклахома Сити, Оклахома, мислела дека чудното „суштество“ е само крава во далечината. Но, додека 24-годишната невеста одеше до олтарот, работите станаа уште полоши.

„Едно нешто што беше фрустрирачко беше тоа што многу луѓе ѝ посветуваа повеќе внимание од мене!“ изјави Морис.

 

Блиска пријателка и гостинка Ејми Вајт (36) се присети на катастрофата за време на церемонијата на Морис на 20 април, на која беа вклучени околу 100 гости.

„Тие ја започнаа церемонијата, а потоа лицето стана и сфатив дека „кравата“ е човек. Церемонијата веќе започна, така што беше предоцна да се спречи што било“, рече таа.

„Штом започна церемонијата, жената стана и почна да шета наоколу. Мислев дека можеби е пијана. Таа почна да се крева и повторно да легнува на тревата. Сите мислеа дека е навистина чудно“.

 

Потоа работите станале уште полоши според Вајт.

„Кога невестата и младоженецот се бакнуваа, „мачката“ им се поклони“ По церемонијата, ѝ реков на невестата дека има крзнено животно на нејзината свадба. И потоа кон крајот кога сите почнаа да ракоплескаат, таа отиде до работ на езерото што беше во позадина и се обидуваше да сед вклучи во фотографиите“, рече таа.

 

За среќа, фотографот знаел подобро и ја чувал „мачката скитник“ надвор од вечните сеќавања.

Но сепак Морис се одлучи да не се разочарува „Ова беше фантастичен ден во целина“, рече таа. „Ова е само смешна приказна за раскажување потоа!“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *