„Мојот син не го цени сето тоа што го прави неговата мајка, па решив да го научам вредна лекција, а бабата вели дека казната била престрога“

Воспитувањето тинејџер може да биде предизвикувачко, но наградувачко искуство, и бара многу љубов и дисциплина. Па така, таткото на 2 деца смислил креативен начин да го дисциплинира својот син, но некои велат дека казната била престрога. Па што мислите вие?

 

„Пред неколку недели дојдов дома од работа за да го најдам мојот 14-годишен син како ѝ вика на мајка си. Во последно време некако почна лошо да се однесува, на пример не ја завршува домашната на време и доцна се прибира дома. Но никогаш пред тоа не се однесувал со непочит кој мајка му. Ѝ викаше за тоа како вечерата не била спремна, а тој дошол гладен од тренинг и сега нема што да јаде. Жена ми беше над шпоретот готвеше, само тој ден малку задоцни со вечерата, но тоа не е никаков изговор за мојот син да вика на неа.

Му реков на син ми да ѝ се извини на мајка му и дека може да грицне нешто пред вечерата ако е толку гладен. Но, тој одби да се извини, па знаев дека морам да го казнам на друг начин.

Наредната недела жена ми отиде на патување од работа. Со жена ми обично ги делиме обврските по дома, и им даваме само неколку на нашите 2 сина, бидејќи сѐ уште се млади. Но, сега се одлучив дека работите ќе се сменат. Па така направив план, син ми ќе ги преземе сите обврски што ги завршува мајка му додека таа не е тука. Во тоа спаѓа да се грижи за помалиот брат, да му помага со домашната, да готви и да пере алишта. Јас сум задолжен за чистење, за дворот и да ги носам децата на училиште.

Син ми рече дека тоа не било фер, затоа што одел на училиште и немало како да ги направи сите тие работи. Му реков дека разбирам, но и јас и мајка му работиме по 8 часа дневно и наоѓаме начин да ги завршиме сите обврски по дома. И ако не го цени тоа што го прави мајка му, тогаш еве нека го прави самиот.

Му покажав како да пушта машина за алишта, му дадов книга за готење со брзи и лесни рецепти и му посакав среќа.

Повеќето денови само се жалеше, ни послужи полусварена паста и не го совлада баш концептот на сортирање на алиштата по боја, но сепак заврши добра работа. Веќе не му зборував дека треба да ѝ се извини на мајка му, но на крајот самиот го направи тоа кога таа се врати.

Мислам дека искуството му покажа некои работи и почна да цени што не мора да ги завршува и домашните работи и од тогаш не бил воопшто груб со мајка му. Всушност дури мислам дека почна повеќе да помага низ дома.

Но кога слушна бабата на син ми, таа ми рече дека оваа казна била престрога, но јас мислам дека се одлично се покажа. Што мислите вие?“

  • N . N . напиша:

    Najdobroto si go napravil , sekoja cest……

  • БорчеСтанисавлев напиша:

    Дисциплината е отлична и за това поздрави, а мнението на бабата е погрешно. Кога бабите воспитуваат, децата стануваат тирани

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на БорчеСтанисавлев Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *