„Мојот сопруг ме остави сама во друга земја по голема расправија. Дали го заслужив тоа со тоа што го направив?“

Минатата година јас и мојот сега маж правевме свадба.
Тој обожава да патува, а јас немам патувано претходно. Доаѓам од сиромашно семејство и парите секогаш беа проблем.

Пред некое време се одлучивме да одиме во Кина на една недела. Беше мое прво патување надвор од државата и бев малку нервозна. Целосно се потпирав на мојот маж, тој организираше се, резервираше карти и сместување. Не сакав јас да се малтретирам со се тоа и сега се каам.

 

 

Отседнавме во скап хотел. Се спремавме за спиење и тогаш добив порака од колега. Маж ми виде и рече „Кој е тоа? Дечкото со кој ме изневеруваш?“.
Бев повредена бидејќи никогаш не сум помислила да изневерам. Ми беше криво дека тој мисли така за мене.

Реков „не“ и тој побара да му ја покажам пораката. Се почувствував понижено и одбив да му ја покажам. Маж ми збесна и почна да си ги пакува алиштата. Јас бев шокирана, го молев да остане, но тој беше одлучен.

Тој си замина и јас останав сама да плачам во хотелската соба. Бев исплашена затоа што ми беше прв пат во друга држава, не го зборував јазикот и не знаев што да правам. Морав да се јавам на пријателите и да ги прашам што да правам.
А беше навистина злобно од маж ми да ме остави така без ниеднаш да се јави и да прашад дали сум во ред.

Дали требаше да му ја покажам пораката?

  • Motikafun напиша:

    Neee…. Sedi su ti tamu i ostaj go covekot…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *