„Мојот сосед сака да ме одведе во кревет иако сум во добри односи со неговата сопруга. Не знам како да постапам“

Знам дека и жените и мажите изневеруваат, но во мојата ситуација еден оженет маж ме сака.

Тој е еден од моите соседи, оженет е, нема деца и има 40 години.

Јасно му реков не, дека би било неправедно кон неговата сопруга. Јас сум сингл да, но тој не е. И јас му кажав многу јасно.

Си го имаме муабетот како соседи, има неколку соседи со кои така си разговараме. Исто така сум во добри односи со неговата сопруга, но не ја гледам надвор толку често како него. Јас и тој никогаш не сме биле сами освен ако се сретнеме надвор од куќите. Никогаш не сум флертувала. Не би рекла дека сме блиски пријатели, но сме добри соседи. Ние сме различни семејства, некои сингл, некои оженети, оженети со/без деца, некои имаат деца што се иселиле итн.

 

Прашањето ми е зошто оженетите мажи гледаат на друго место? Тој има сексуален живот со неа. Па зошто ме сака мене? Тие се заедно две децении, па сигурно ова не е прв пат тој да погледне во друга жена. Дали го прават тоа за контрола со оглед на тоа дека сум негова сосетка? Дали му е досадно? Навистина не го разбирам. Ако не е среќен, не разбирам зошто не си замине.

Само сакам повторно да објаснам дека нема шанси да направам нешто со него. И дури и да остане сингл, јас не би била со него бидејќи не можам да му верувам. Но, тој е упорен и навистина ме замара и не знам како да го откачам, да престане да ме гледа така и да се обидува да флертува со мене.

Јас сум толку разочарана. Изгледаше како толку добар дечко и ја видов целата друга страна од него со ова. На него гледам поинаку од како порано. Шокирана сум.