Моментална состојба со коронавирус: 31.510 заразени, 638 мртви, 1.634 целосно излечени и бројките растат

Бројките за коронависрусот се менуваат во секоја минута. Иако за жал набрзо се менуваат оние за заразени пациенти, сепак за среќа најстатични се бројките за смртни случаи, а утеха дава растеќкиот број на пациенти кои се опоравуваат од вирусот. Секако Кина е сѐ уште главниот „епицентар“, но се појавуваат и неочекувани случаи насекаде низ светот.

На пример во Јапонија е дијагностициран еден туристички водич, но тој одамна не бил во Кина, што би значело дека во земјата има уште заразени луѓе со вирусот, ама сѐ уште не е откриен или не побарале медицинска помош. Во Италија има 1 италијански државјанин заразен со висрусот и двајца туристи од Кина. Во Германија има вкупно 12 случаи од кои едно цело семејство од Баварија.

Најголем дел од починатите сѐ уште се постари лица и лица со претходно постоечки медицински состојби (како астма, дијабетес, срцеви заболувања) и затоа е најважно да не се верува на шпекулации. Постои страна на која можете да ја пратите состојбата на коронавирусот во живо и да бидете известени за промената на ситуацијата во сите земји. Засега од 31.510 заразени само 61 евидентиран случај е во другите земји во светот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат во рок од неколку минути и секунди.