Моментот кога Меган Маркл танцува и „тверка“ со принц Хари во болничка соба за да го предизвика породувањето
На социјалните мрежи се појави старо видео кое Меган Маркл го сподели во чест на четвртиот роденден на ќерка им Лилибет. Во него, таа и принц Хари танцуваат во болничка соба на ритамот на популарната песна „Baby Mama“ во обид да го поттикнат породувањето, бидејќи Лилибет била една недела по терминот. Таа на својот инстаграм профил напиша:
„Пред точно четири години, се случи и ова. Двете наши деца беа родени една недела по терминот… па кога лутата храна, долги прошетки и акупунктурата не помогнаа – остана само уште едно нешто што можевме да направиме!“
Коментирај анонимно