Монахот Арсение пушти снимка од истерување на демон од девојка во манастирот Острог во Црна Гора

Ова не е снимка од филмот Егзорцизам, туку снимка од она што се прави во манастирите ширум регионов, вклучително и нашиот Бигорски. Како што изјавува отец Партениј, архимандрит и игумен во манастирот „Св. Јован Бигорски“, во интервју за Мотика, егзорцизмот е познат уште од најстари времиња и во православието. На почетокот истерувачите на духови и демони не биле од редовите на свештениците, но потоа таа пракса преминала и во рамките на свештеничките редови. Ритуалите се строго определени, при што се читаат специјални молитви напишани од св. Василиј Велики. Во некои православни цркви не секој свештеник може да биде егзорцист, туку само определени духовници кои за таа должност се подготвуваат со посебна молитва. Архимадрит Партениј раскажува за најразлични негови искуства со опседнати од демони со кои се среќавал во Бигорскиот манастир. Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Покрај тоа, кај нас е раширено и одењето кај разни оџи и бајачки кои ги истеруваат лошите духови и болести, преку разни ритуали како кадење, миење со вода, цртање на специјални знаци врз заболениот дел од телото и слично.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

  • makedonecc напиша:

    зашто лажете дека снимката е од нашиот бигорски кога е од нивен некој манастир? (не дека во бигорски нема исто вакви егзорцизми )

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *