„Морав да чекам 5 години за да отидам на стоматолог – а, притоа живеев со болни заби!“

Марк Томпсон, од Волсенд, Велика Британија вели  дека огромниот недостаток на стоматолози и зголемените приватни трошоци го оставиле неспособен да пристапи до негата што му била очајно потребна.

 

 

 

43-годишниот беше еден од повеќе од 100 луѓе на листата на чекање за бесплатни проверки и третман договорени од добротворна клиника која патуваше низ Њукасл оваа недела.
Г-дин Томпсон конечно беше прегледан во задниот дел на опремен камион „Dentaid“.

 

 

 

Стоматолозите биле принудени да му ги отстранат корените на неколку заби кои му предизвикувале болка.
Г-дин Томпсон изјави: „Последен пат видов стоматолог пред пет години и тоа е затоа што е многу тешко да се закаже преглед. Ја изгубив работата пред неколку години. Се мачев да платам храна, а камоли за стоматолог“.

Г-дин Томпсон додаде дека грижата во клиниката била „брилијантна“.

 

 

Камионот „Дентаид“, со помош на 50 волонтери, останал во Њукасл пет дена и прегледал многу луѓе на коишто им била потребна нега.

Најновите бројки покажуваат дека околу 26 милиони возрасни, околу 60 отсто од населението на Велика Британија, не биле на преглед во последните две години. Некои Британци беа принудени сами да ги извадат забите со клешти или да патуваат во странство – вклучително и во Украина – за да посетат стоматолог поради големиот недостаток на ваквиот тип на доктори во земјата.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • aIVpeHif напиша:

    zFNpscihSdguUE

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *