„Морничавите“ фигури во форма на деца го претворија гратчето Стони Стентон во град од хорор филм

Во малото гратче Стони Стентон во Велика Британија,  тротоарите ги преплавија бизарни статуетки во форма на деца, долж патиштата на селото. Жителите велат дека иако можеби намерата на оваа идеја е добра, сепак фигурите изгледаат застрашувачки и не му се допаѓаат на населението.

Столбовите во форма на деца се направени на полуреалистичен начин, се со цел да ги повикаат возачите да бидат внимателни зад воланот. Тие биле поставени пред повеќе од две години од страна на Парохискиот совет на Стони Стентон и локалното училиште.

Луѓето кои го гледаа видеото на интернет ги нарекоа пластичните деца „застрашувачки“ и „како од кошмар“.

На интернет кружат секакви коментари од типот на: „Мислам дека ваквите фигури повеќе би го одвлекувале вниманието отколку што би предупредувале, што секако може да биде поопасно?“

Столбовите беа поставени како дел од кампањата за безбедно возење во селото во јули 2020 година. Статуетките со изглед на деца ги добија прекарите Били и Белинда.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *