МОРНИЧАВО: Жена го пронашла телото на својот сосед откако неговиот дух ѝ кажал дека е мртов!

Една Тајланѓанка рекла дека на уво ѝ шепнал сенишен глас за смртта на нејзиниот сосед, а потоа отишла во неговата куќа и видела дека тој навистина умрел.

Госпоѓата Чан Срибуа вели дека на 25 август 2022 година била многу уморна откако си играла со внуците, па решила да дремне. Се разбудила откако „морничав“ глас и шепнал на увото дека ѝ починал 60-годишниот сосед.

„Човекот се викаше Вонгсин Фодам, но сите го викаа Хо-Ван. Беше сам, без семејство и роднини, а живееше во близина во трошна импровизирана колиба“- вели Чан.

„Хо-Ван е мртов“ и шепнал бестелесниот глас, плашејќи ја старицата. Таа ја сфатила сериозно оваа порака, станала, се измила, а потоа отишла кај друг сосед и го замолила да оди со неа во колибата на Хо-Ван и да провери како е таму.

Меѓутоа, кога таа му ги кажала причините за таквото барање, тој од страв категорично одбил, а потоа Чан Срибуа отишла самата. Кога стигнала до колибата на Хо Ван, се шетала околу неа, а потоа влегла внатре и го видела телото на Хо Ванг како лежи на креветот.

Таа ја почувствувала неговата нога, по што се уверила дека навистина е мртов и повикала полиција.

Полицијата пристигнала во 13.30 часот и извршила увид на местото на настанот. Набрзо објавиле дека Вонгсин Фодам починал пред три дена, а на неговото тело немало знаци на насилна смрт.

Чан Срибуа веднаш и кажала на полицијата дека гласот на духот ја одвел до колибата на соседот. Можеби духот на Хо-Ван сакал таа да го најде неговото тело.

Локалните весници пишуваа дека Хо Ван бил локален пијаница кој пиел секој ден и дека иако работел во фабрика, никогаш немал доволно пари за храна. А Чанг Срибуа постојано го сожалувала и му давала храна.

Последен пат го видела на 20 август, два дена пред смртта и му дала храна и вода. Можеби таа била единствената личност која добро се однесувала со него и затоа духот и се обратил неа.

Телото на Хо Ванг било однесено во локалниот институт за судска медицина на обдукција, но полицијата веднаш објавила дека смртта на Хо Ванг не ја смета за сомнителна.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.