Моторциклист за влакно избегна огромно свлечиште во Индија
Неверојатна снимка од Индија го прикажува моментот кога моторциклист за само неколку секунди избегнува огромно свлечиште. Инцидентот се случил на 16 август во областа Бинду, Калимпонг, во индиската сојузна држава Западен Бенгал.
Моторциклистот се движел по планинскиот пат кога падината над него почнала да се урива. Само што успеал да го помине критичниот дел, огромна количина земја, камења и вегетација се струполила на патот зад него.
Според информациите што ја придружуваат снимката, човекот успеал да се извлече жив, а не се наведуваат повреди. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи поради неверојатниот тајминг – уште неколку секунди и исходот можел да биде сосема поинаков.

Коментирај анонимно