„Можам да разговарам со мртвите, а исто така и моето 9-годишно дете – начинот на кој што дознав ме остави запрепастена“

Ерика Русо, мајка на две деца од Конектикат која тврди дека е некој вид медиум, откри дека нејзиниот 9-годишен син Кајл има „психички и интуитивни способности“ исто како неа – но понекогаш „негативната енергија“ го држи буден ноќе.

 

36-годишната Русо ги открила способностите на нејзиниот син кога имал четири години и го видела како разговара со некој кој физички не бил таму.

Таа ја баталила чудната средба и се најавила на Зум бидејќи имала сесија со клиент. За време на средбата таа го почувствувала присуството на починатиот син на нејзиниот клиент, што е карактеристично за роднините да се појавуваат на читања.

„Кога разговарав со Кајл после сесијата, тој рече дека разговарал со момче кое било тука да ја види мајка му. Останав без зборови. Тогаш дознав дека мојот син е медиум“, рече Русо.

 

За разлика од нејзиниот син, кој дознал за неговите натприродни моќи на млада возраст, Русо ја развила својата духовна врска во 2017 година кога почнале да ѝ се појавуваат духови.

Таа започнала да комуницира со мртвите со влегување во „медитативна состојба“ и предвидување на иднината. Дури и ако духовите директно не зборуваат со Русо, таа може да го почувствува нивното присуство, водејќи ја кон она што тие се обидуваат да го пренесат.

 

Таа отсекогаш ја забележувала чувствителната страна на нејзиниот син, кој ја покажувал и како дете. Меѓутоа, „негативната енергија“ од духовното присуство навлегувала во соништата на деветгодишното дете во некои ноќи, што му отежнувало да заспие.

Неговата мајка раскажува за сонот што го сонувал за неговата баба која фатила СОВИД-19, а три дена подоцна и била дијагностицирана болеста.

„Се чувствував како во моите соништа луѓето да зборуваат со мене, но никој не е таму – слушам гласови и разговарам со нив“, рече Кајл.

Задгробните врски на детето не му се случуваат често, но неговата мајка знае за повеќето средби.

„Нема да го турнам ако не сака да научи нешто повеќе за тоа“. – вели мајката.

 

Русо нуди менторство за оние кои бараат интерес да ја развијат својата духовна интуиција и курс од 30.000 долари фокусиран на сесии со неограничена енергија.

Иако мајката на Кајл има познавања за паранормални активности, тој признава дека му требало малку време да верува во неговата способност да комуницира со духовите.

„Не се плашев навистина затоа што навистина не верував во духови. Се сеќавам дека некој зборуваше со мене, но никој не беше таму, па продолжив да одговарам. Беше навистина чудно. Но, јас не се плашам“, сподели тој.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *