Може ли да се открие вистинската убавина на кралицата Нефертити? Археолозите тврдат дека ја откриле мумијата на контроверзната египетска владетелка!

Две мумии кои лежат во „Долината на кралевите“ би можеле да бидат посмртните останки на Нефертити и Анкесенамун, сопругата на Тутанкамон. Со ДНК тестови кои се очекува да потврдат дали посмртните останки се или не се на антички египетски кралици, може да се решат неколку загатки.

Пред повеќе од 3.000 години, фараонот Ехнатон и кралицата Нефертити одлучиле да го напуштат обожавањето на египетските богови во корист на она што фараонот го нарекол единствениот вистински Бог – отфрлајќи милениуми на традиција.

Неговиот син Тутанкамон – последниот од неговото кралско семејство кој владеел се свртел против својот татко и го обновил пантеонот на египетските богови.
Но, откако и двајцата умреле, првосвештениците ги уништиле монотеистичките споменици создадени од Ехнатон и ги избришале нивните имиња од нивниот запис, протерувајќи ги двајцата фараони од историските книги.

Одмаздата на првосвештениците ја заматила богатата историја која била целосно ценета само по откривањето на гробницата на Тутанкамон во 1922 година, при што цензурата иронично го направила најпознат меѓу фараоните.

Сега, илјадници години по крајот на 18-та египетска династија, кралиците кои владееле заедно со Ехнатон и Тутанкамон, можеби се пронајдени.
Се смета дека мумифицираните останки на Нефертити, можеби најпознатата голема кралска сопруга на древниот Египет, се чуваат во гробниците „KV21“ и „KV35“, во „Долината на кралевите“.

Две од најважните жени во египетската историја би можеле да бидат оживеани доколку доказите од ДНК го потврдат нивниот идентитет.

Пронаоѓањето мумии на можеби двете најпочитувани кралици во античката историја е сон на многу египтолози. Но, археолозите „едвај пронајдоа 30 отсто од се што е под земја“, вели Хавас, еден од археолозите кој работи на ова истражување.

„Современиот Египет е изграден на античкиот. И затоа наследството што останува скриено е огромно“.

Постои дебата за тоа дали Нефертити владеела сама по смртта на Ехнатон, одреден краток период пред да се вознесе Тутанкамон.

Бистата на Нефертити била пронајдена во Египет во 1912 година во Тел ел-Амарна, краткотрајната престолнина на Ехнатон. Сега се наоѓа во берлинскиот музеј „Нојес“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *