Може ли облеката да има свој „парфем“? Откријте го новиот Denkmit Glamorous Touch во dm!

Постои нешто посебно во чувството кога ќе облечете свежо испрана кошула или ќе легнете во чиста постелнина која сè уште мириса пријатно, оставајќи зад себе нота на свежина што се чувствува низ целиот простор. Токму за оние кои сакаат ова чувство на свежина да не заврши веднаш по перењето, во dm продавниците пристигна нов мирисен додаток за алишта – парфимирани перли Glamorous Touch од dm марката Denkmit.
Наместо уште еден чекор во класичната нега на облеката, овој производ има една главна задача – на текстилот да му даде впечатлив, свеж и долготраен мирис. Се додаваат при перењето, а перлите се раствораат во текот на циклусот и го обвиткуваат текстилот со мирисната нота Glamorous Touch.
И токму името го најавува ефектот – Glamorous Touch е создаден за оние кои сакаат свежо испраните алишта да имаат дополнителен „парфимиран потпис“. Од облеката што ја носиме секој ден, до крпите и постелнината што сакаме да мирисаат свежо кога ќе ги извадиме од плакарот, производот е погоден за сите текстили што можат да се перат во машина.

Особено практично е што Denkmit парфимираните перли не го заменуваат вообичаениот детергент, туку се негово дополнување. Тоа значи дека омилената рутина за перење останува иста, а ѝ се додава само мирисен финиш за оние моменти кога обичниот мирис на чисто едноставно не е доволен.
Пакувањето од 480 г овозможува мирисот да се приспособи како дополнителен дел од различните перења, а Glamorous Touch внесува поелегантно и полуксузно мирисно доживување во нешто толку секојдневно како перењето алишта.
Затоа, ако сте од оние кои сакаат плакарот да замириса веднаш штом ќе ја отворат вратата, а свежо испраната облека да има свој препознатлив мирис, новиот парфимирани перли Glamorous Touch е интересен начин на секое перење да му дадете малку „glam“.
Понекогаш не е потребна нова облека за да добиете ново чувство кога ќе ја облечете – доволен е нов мирис.

Коментирај анонимно