Можете ли да забележите што не е во ред со овој компир? Жена ги шокираше нејзините следбеници на социјалните мрежи, откако им ја откри мистеријата!

Стотици останаа шокирани од „супер реалистичната“ торта на домаќинка што изгледа токму како компир – а за уживањето од 20 евра му требало помалку од еден час за да се подготви.

 

 

Мајката на две деца, Никол Салинас, од Канбера, ја направила тортата за својот деветгодишен син користејќи две колачи со карамела „Woolworths“ од 6 евра, фондан и глазура од „Бети Крокер“.

 

 

Сепак, креативната торта е толку реална, многумина не се убедени дека всушност не е компир и бараат дополнителни докази.
Г-ѓа Салинас, која е сопственик на бизнисот за подароци „Крефти Равен“, ја добила идејата за тортата за нејзиниот син кој ја предложил за неговиот деветти роденден.

„Тие сакаат да ми даваат предизвик“, изјави таа за „FEMAIL“.

„Овој пат не знаеше што сака, па штракавме со еден куп предмети додека не се сетивме на компирот“.

Мајката објасни дека е самоука и верува дека секој може да направи вакви торти ако ги има соодветните состојки и „не се плаши да проба нови работи“.

 

За да го направите колачот – компир, г-ѓа Салинас става два слоја колач со карамела заедно со крем со путер во средината.
Таа ги обликува колачите со рака за да добијат форма како компир, а потоа става премаз од трошки од крем путер врз колачите.

Најдосадниот дел од тортата беше обидот да се направи фонданот да има боја како компир.

„Потрошив 20 минути обидувајќи се да ја добијам вистинската боја на фонданот користејќи три различни видови гел-бои“, рече мајката.

 

Потоа употребила алатки за печење колачи за да направи траги и јами на фонданот, а на надворешната страна на тортата намачкала стуткана кеса за замрзнување за да даде текстура на колачот. Таа, исто така додала кафена прашина од ливчиња за да му даде четкан изглед.

 

Објавата веднаш собра илјадници коментари и лајкови од збунетите љубители на храна кои не можеа да им веруваат на своите очи.
„Потребна ни е фотографија од исечената торта за доказ! Премногу личи на компир за да биде торта“, рече една нејзина следбеничка.

„Тоа е најдобрата „вистинска“ торта што сум ја видела“, рече друга жена.

Таа претходно има направено торта со змија, торта со мозок, торта со токсичен отпад, торта од природна катастрофа и змеј.

  • Некој/ некоја напиша:

    Мислев ќе зборувате нешто за најголемиот компир, а тоа торта било.. Секоја чест за трудот

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *