Му го претресле камионот на Србин, па останале во шок: Во кабината пронашле 122.750 евра!
Хрватските царински службеници открија 122.750 евра непријавена готовина, скриена во кабината на товарен камион управуван од српски државјанин.
Контролата била извршена на одморалиштето Среданци Север, каде деталниот преглед на возилото ја открил сумата што не била пријавена ниту пред царината, ниту пред граничната полиција.

На автопатот кај Среданци Север инспекторите од Славонски Брод го запреле камионот за рутинска проверка
Акцијата почнала како редовна царинска контрола на товарно возило што им било сомнително на искусните инспектори.
При физичкиот претрес на внатрешноста на кабината, тие пронашле 120.000 евра спакувани во обична хартиена кеса. Таа била скриена под постелнината на горниот лежај.
За банкнотите да не се помрднат за време на транспортот, парите биле поделени во три дебели снопа и цврсто обвиткани со леплива лента, односно селотејп.
Во паричникот имал уште 2.750 евра, а влегол во Европската Унија преку Товарник без да ја пријави готовината
При личниот претрес на возачот, цариниците пронашле дополнителни 2.750 евра за кои тој немал законско покритие.
Српскиот државјанин воопшто не ја пријавил готовината при влезот на територијата на Европската Унија преку граничниот премин Товарник.
Поради сериозно сомнение за перење пари и нелегално пренесување капитал, против него веднаш била поднесена кривична пријава. Возачот бил уапсен и предаден на притворскиот надзорник.
Целокупната сума готовина, камионот и приколката биле привремено одземени и предадени на надлежно постапување на Општинското државно обвинителство во Славонски Брод.



Коментирај анонимно