„Му подарив тројка на мојот сопруг за неговиот 40-ти роденден, но работите се одвиваа малку чудно и незгодно“
Прашањето што се поставува на роденденот на мојот сопруг е секогаш исто: Што купувате за човекот кој има сè? Тој еднаш изјави дека има доволно панталони за да му издржат до крајот на животот.
Така, за неговите 40-ти, решив да му купам винтиџ часовник. Но, кога го споменав часовникот, тој рече дека она што навистина го сака не е предмет, туку услуга: тројка со мене и друга жена.

Не сум баш шокирана. Тој ја спомна оваа фантазија и претходно, како и практично секој маж со кој сум се забавувала. Секогаш само ги превртував очите и му велев „само ти сонувај“. Идејата не беше непривлечна, но изгледаше логистички и емотивно комплицирана. Овој пат, сепак, спонтано велам да. Како новинар, имам проблем да се спротивставам на краен рок и плус ме заплашува и цената на еден Ролекс. И го сожалувм со тоа што оди накај 40-тите, а е осуден да спие со истата жена (јас) до крајот на својот живот.
Начелно се согласивме околу тоа, но идејата е толку егзотична што веќе неколку недели немаме преземено ништо. Повремено спомнувам име на другарка.
„Дали таа би ти била прифатлива?“ Го прашувам мојот сопруг.
„Апсолутно“, вели тој секој пат.
Излегува дека практично секоја жена што ја познаваме би била прифатлива. Но, иако сум почетник, прилично сум сигурна дека регрутирањето пријател би било грешка. Има огромен потенцијал за да биде незгодно. Како и да е, не би знаела кој да прашам. Стрејт жените немаат тенденција да ги споредуваат истополовите фантазии. Не сум сигурна која ќе биде во искушение, а која ќе биде згрозена.
Конечно, за време на бранч, собираме храброст да разговараме за нашите планови со пријателите на мојот сопруг. Една од нив, сингл банката која е и самата во 40-тите години, правеше гримаси, а потоа само молчеше.
„Изгледаш шокирано“, велам.
„Да, мислам, само мислам дека е извонредно!“ вели таа, вцрвенувајќи се.

Исклучивме опција да бараме на интернет, бидејќи ќе испадне како отворен повик. Одлучив дека идеалната жена би била секси познаничка и би била проверена (на крајот на краиштата, нашите познаници знаеме дека немаат херпеси и слично) За кратко време се појави кандидатка. Таа е пријателка на пријател кој го сретнав неколку пати на вечера. Случајно, таа седи зад нас на еден концерт со некој маж. За прв пат забележувам дека е прилично привлечна: висока и слаба.
„Што мислиш за неа?“ – Му шепкам на сопругот
„Да!“ вели тој премногу гласно.
По концертот, четворицата разговараме. Се обидував да остварам силен контакт со очите, дознав дека се вика Ема и ја прашував што мисли за концертот. Беше поласкана кога ѝ предложив јас и таа да одиме на ручек некој ден.
Неколку дена подоцна се договоривме дека ќе одиме некаде на тајландско. Ми беше убаво кога пристигнав и видов дека и таа се дотерала. Дали знае дека ова е состанок?
Обично сум толку загрижена за тоа што другите луѓе мислат за мене што мојот придружник може да крвари до смрт, а јас не би забележам. Но, планирањето на тројка ме направи повнимателна. За време на предјадењето, внимателно ја слушам Ема.
И додека зборуваме под превезот на „ти споделувам како жена на жена“, а со цел да ја испитам нејзината реакција ѝ реков: „Нема да веруваш што сака мојот сопруг за роденден“
Објаснувам дека начелно се согласив со ова, но дека сè уште не сум ја нашла третата страна. Мислам дека таа разбира дека меѓу редови неа ја прашувам дали е заинтересирана. Но, наместо да се фати за мамката таа почнува да раскажува за поранешното момче кое ја притискало да има тројка со уште една девојка и дека партнерите кои еднаш ги менуваат своите сакани за една ноќ никогаш нема да престанат да го прават тоа.
Таа ме предупредува дека ќе ме преплават сликите на мојот сопруг како прави неискажливи работи на друга жена. „А што ако е некоја што е неверојатно секси и јака во кревет? Како би можела да се справиш со тоа?“ (Ова изгледа премногу алармантно; се сомневам дека ќе регрутираме супермодел). Не само што Ема е надвор од играта, таа зборува и за идните состаноци за ручек. Таа всушност сака да ми стане пријателка.
Таа вечер му кажав на мојот сопруг за мојот „состанок“ и тој само ми рече „Благодарам што се погрижи за тоа“ без да ја тргне главата од компјутерот.
Така ми вели кога средувам работи низ дома, на пример кога го чекам водоинсталатерот да се појави. Значи планирањето на тројка стана уште една од административните задачи што ги правам во нашиот брак.
Не сум заплашена, но сè уште не сум поблиску до пронаоѓање на другата жена, па разгледувам некои веб-страници. Брзо гледам дека имаме конкуренција. Најмалку десетина парови – сите тврдат дека се прекрасни и под 30 години – бараат жена за тројка.

Бидејќи не можам да се натпреварувам според изгледот или возраста, решавам да се истакнам со тоа што звучам очајно. „Би сакала да му го дадам на мојот партнер најдобриот роденденски подарок досега: искуство со мене и друга жена“, се вели во мојот пост. „Ќе ми помогнете?“
Петнаесет минути подоцна добивам одговор кој е писмен и убав. „Здраво, имам момче со истата фантазија (не многу оригинално, знам, но момчињата ќе бидат момчиња!!). Можеби би можеле да завршиме со договор (иако не нужно). Ако си се допаѓаме, со задоволство би помогнала. Какво сценарио имавте на ум?“ Таа се потпишува „Н“.
Веројатно е непромислено да се заложиме за лојалност на жена која ми напишала на интернет, но јас на лице место одлучувам дека нема да одговорам на никој друг. Ми се допаѓа нејзиниот сестрински тон и нејзиниот совршен правопис. Не сум сигурна за договорот за размена, но се чини дека тоа не е клучно за неа. (Иако кога ја прочитав нејзината порака на мојот сопруг, тој веднаш ми рече: „Ќе те заменам“.)
Разменуваме уште неколку мејлови. Н тврди дека е стрејт, разведена мајка во доцните 40-ти. Таа вели дека одговорила на мојата реклама поради еден вид сексуален алтруизам, а го цитира францускиот израз „Не треба да се умре идиот“.
Додека го облекувам фустанот за да одам да ја сретнам на кафе, наеднаш ме нервира што ќе правам: треба да се обидам да убедам странец да спие со мене и мојот сопруг. Како да убедам жена да се соблече?
Мојот сопруг, кој посвети години од својот живот токму на ова прашање, ми дава малку весел говор.
„Кај жените, мора да ги слушаш сите работи што тие ги кажуваат. Тие ги имаат овие сложени емоционални проблеми, а ти треба да се обидеш да откриете што се тие. Само продолжи да поставувате прашања. Биди пријатна и смирена, но и малку мистериозна“.
Веќе седам кога Н влегува во кафулето. Таа е згодна, тенка бринета со пријателско лице. Нејзината шминка е свежа; и таа е желна да остави добар впечаток. Се трудам да изгледам заинтересирано додека ги опишува неволјите на нејзиното момче, нејзиниот живот како самохрана мајка и здравствените проблеми на нејзиниот постар татко. И покрај чудните околности, таа се држи до конвенциите за женско поврзување.
Го насочувам разговорот кон секс. Таа вели дека никогаш не била со друга жена и не е сигурна како ќе се чувствува за тоа. И јас не сум сигурна. Кога ѝ покажав слика од мојот сопруг, таа само фрли поглед на неа.
Топло се разделуваме со бакнеж во образ. Чекам неколку дена пред да ѝ испратам шпрала во која објаснувам дека е во моите мисли и дека ја најдов шармантна „во секој поглед“. Таа веднаш одговара, велејќи дека е за нашата авантура, но дека би сакала повторно да се сретнеме за да разговараме за нашите планови подетално.
На нашата втора средба излегуваат на површина нејзините несигурности: Дали мислам дека ова се смета за изневерување на нејзиното момче? (Секако дека не!) Какви жени сака мојот сопруг? (Бринети!)
Ги утврдуваме основните правила за тројка. За да не стане премногу порно, ние двете ќе бидеме одговорни. Мојот сопруг нема да се помрдне ако не го дозволиме тоа. Се чини дека се е решено, но повторно се разделуваме без да одредиме датум. Па ѝ испраќам порака дека ми било убаво што сме се виделе.
Таа одговара дека и таа уживала, но дека би сакала да се сретнеме на уште една пијачка. Почнувам да се сомневам дали таа навистина планира да го направи ова. Но, кога му се жалам на мојот сопруг, тој ме уверува дека тоа е нормално темпо на заведување.
„Очигледно таа сè уште не е подготвена“, вели тој. „Таа има некој вид двоумење. Треба да откриеш што е тоа и да ѝ помогнеш да го помине“.
На патот кон мојата трета средба со Н, решавам да се олабавам и да станам помалку пресметлива. Ја задевам за сето планирање што го правиме, и се шегувам дека ќе правам приказни и картички со знаци. Признавам дека ова е голема работа за мене; таа го вели истото. Ова ново разиграно расположение изгледа е она што ѝ недостигаше. По околу еден час, таа го вади својот дневник. Тројката ја закажуваме за една недела подоцна, на ручек, во малиот стан што мојот сопруг го користи како канцеларија.
Кога дојде денот, јас бев неврозна и збунета – и изненадена што навистина успеав да го договорам ова. „За два часа имам тројка“, постојано си велам. „Нема да умрам како идиот“.
Се среќавам со Н во едно кафуле на брзо кафе, а потоа се упатуваме да го запознаеме мојот сопруг во близина. По пат, инсистирам да застанеме на малку штанд за храна за да купиме залихи, во случај подоцна да ни се јаде. Јасно, пазарувам за да се смирам.
Кога пристигнавме Н нерозно ми вели: „Ти си одговорна, добро?“
На двете ни е олеснува кога дојде мојот сопруг. Тие се запознаваат а тој веднаш е многу физички отворен со неа, што го крши мразот.
Имаме некаква групна прегратка, а потоа се согласуваме дека може да ни ги соблече двата фустани.
Одеднаш сфаќам дека толку многу се фокусирав на организацијата и на „кетерингот“ што за малку ќе заборавев дека ќе бидеме голи. А второ кога сте фокусирани на деталите како мене, тројките се збунувачки. Брзо губите идеја кој во која фаза е, има некое двосмислено стенкање. Маж ми после тоа исто така ми кажа дека и тој малку се изгубил.
Тоа беше како да кажам „љубезна“ тројка, секој се обидуваше да го подели вниманието праведно.
Дури повремено јас и Н се прашувавме „Како си?“ како загрижени пријателки.
По околу 40 минути, доста ми е. Се прашувам дали би можела да ја проверам мојата е-пошта. Н е прилично убава, но гледањето верзии на моите интимни делови на неа ми е премногу познато. Сфаќам дека дел од она што ме привлекува кај мажите е тоа што нивните тела се различни.
Се обидувам да останам вклучена – сепак тоа е роденденски подарок. Кога повторно ќе погледнам во часовникот, помина еден час. Немав поим дека сексот може да трае толку долго.
Конечно и тие се изморуваат. Има еден сладок момент на крајот кога тројцата лежиме заедно под покривката, со роденденското момче во средината. Тој свети. Подоцна ќе добијам серија искрени белешки за благодарност.
Н изгледа е задоволна, исто така. Додека одиме заедно дома, таа вели дека е изненадена од тоа колку еротично ѝ се видело целото искуство, особено да биде со мене. Таа навестува дека би сакала да се повтори ова. Поласкана сум, но не планирам пак да го правам ова.
Се ближи мојот роденден и мислам дека би сакала часовник.

Коментирај анонимно