Мујо и Хасо се натпреваруваат кој ќе издржи подолго во пустина (виц)
Мујо и Хасо решиле да се натпреваруваат кој ќе издржи подолго во пустина, но секој смее да понесе само по еден предмет.
Хасо понел вентилатор на батерии, а Мујо ја понел вратата од старото Фиќо.
Хасо издржал само пет недели, бидејќи му се потрошиле батериите, па се вратил дома. А од Мујо ни трага ни глас цели седум месеци!
Кога конечно се вратил, сите зачудено го прашале:
– Абе, Мујо, како успеа да издржиш толку долго во пустината, и тоа само со една врата од Фиќо?
– Можев уште да останам, ама ми здодеа!
– Па како се разладуваше на таа жештина?
– Едноставно! Ќе го отворев прозорецот од Фиќото и ќе ме дувнеше ветерче!


Коментирај анонимно