Мујо на операција (виц)
Мујо лежи на операциона маса, околу него лекари и медицински сестри. Целиот исплашен го прашува докторот:
– Докторе, нешто слушнав… Вистина ли е дека нема вие да ме оперирате, туку вашиот студент за дипломска работа?
– Точно е, Мујо, ама не грижи се. Јас цело време ќе бидам тука. – му одговорил докторот.
– Добро, докторе… А што ако операцијата не успее?
– Па… некој ќе падне на дипломскиот испит.


Коментирај анонимно