Мујо се обложил со Американец дека може да закова шајка со глава (виц)

Еден Американец имал фабрика за шајки и слушнал дека Босанците можат да заковаат шајка во ѕид со глава. Си помислил дека тоа би било одлична реклама за неговата фабрика, па тргнал во Босна да најде некој што го може тоа.
Во возот за Прњавор го сретнал Мујо и го прашал:
– Вистина ли е дека кај вас има луѓе што можат да заковаат шајка во ѕид со глава?
– Како не! Еве ме мене, нема проблем!
Американецот му дал една мала шајка за проба. Мујо замавнал со главата и БАМ! Ја заковал шајката од прва.
Американецот не можел да си поверува на очите. Извадил уште една, поголема шајка и му рекол:
– Биди љубезен, заковај ја и оваа во ѕидот на купето!
Мујо се наместил и БАМ! Ја заковал и неа како од шега.
Американецот, зачуден од тоа што го гледа, извадил огромна шајка од чантата, му ја подал на Мујо и рекол:
– Мујо, ако ја заковаш оваа во ѕидот, ќе заработиме куп пари! Ќе те однесам во Америка да снимаме реклами!
Мујо се наместил, замавнал со главата и БАМ! Ништо.
Пробал уште еднаш. БАМ! Повторно ништо.
Третпат замавнал со сета сила. БАААМ! Шајката не мрднала ни милиметар!
Мујо, целиот бесен, станал и отишол во соседното купе, каде што седел Хасо, па му рекол:
– Абе, Хасо, помести ја главата, не можам да ја заковам шајкава!

Коментирај анонимно