„На 20 години градите ми виснаа до стомакот, па единствено што морав да направам е да се ослободам од нив. Еве ја мојата трансформација!“
20-годишна девојка од Шкотска е воодушевена од нејзината неверојатна операција за намалување на градите, велејќи дека сега кога и се отстранети „вишокот“ килограми од телото, таа со задоволство ќе се шета низ куќата гола.
Фиби Хауи се присетува дека се чувствувала преоптоварена како дете кога носела два градници за дополнителна поддршка за нејзините гради, кои пораснале од 32F на 32G во само неколку години.
Бидејќи нејзините неподносливи гради ѝ виснале до стомакот, Хауи отпатувала во Турција во јуни 2022 година на операција од 4.600 долари која и го променила животот, откако наводно била на листата на чекање за британска здравствена заштита од својата 17-та година.
„Големите гради уништија сè“, изјавила таа. „Сите мои пријатели носеа убави фустани и блузи на забавите, но јас се покривав со широка облека, џемпери и јакни“.
Хауи вели дека нејзините гради биле толку големи и само станувале се поопуштени и попуштени.
„Не морам да одам во специјализирани продавници за градници и да трошам 50 долари за огромен градник што го мразам“, возбудено рекла таа.
„Можам да трчам и со моето куче, што никогаш порано не сум можела да го сторам. Буквално ми симна огромна тежина од рамената и телото“.














Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно