На кого му треба Фотошоп? Еве како СЕКОГАШ да изгледате добро на фотографиите

Тренер за елеганција, да верувајте постојат тренери ЗА ЕЛЕГАНЦИЈА, ги открива тајните за позирање што секој треба да ги знае за да се осигура дека секогаш ќе изгледа најдобро на фотографиите

Ана Беј, која го дели своето време меѓу Лондон и Женева, се појави на YouTube за да објасни како секој може да ги подобри своите слики – со нејзини предлози, вклучувајќи „блага насмевка“ наместо смеење и други совети.

Овде таа ги открива нејзините врвни совети за кога позирате за фотографии – од држење на рацете до навалување на нозете кога седите.

Не ги притискајте рацете на вашето тело

Ана најпрво предложи да ги ставите рацете на колковите за да ја нагласите половината, особено кога носите обемна облека. Таа потоа ја забележа важноста да ги оддалечите вашите раце од телото (во ласкава положба)- инсистирајќи дека кога сте свртени на страна, со едната рака кон камерата, никогаш не треба таа рака да ја притискате на телото затоа што така изгледа дебела.

Таа рече: „Честа грешка што ја прават луѓето е што ја притискаат надлактицата на своето тело, правејќи ја оваа рака да изгледа навистина дебела, иако всушност не е“.

Поставете ги рацете на својата половина

Коментирајќи понатаму за тоа каде најдобро да ги поставите рацете кога позирате за фотографија, Ана рече: „Лично сакам да ги ставам рацете по моето тело. Сакам да ставам една на колкот, на половината, но исто така сакам да ја ставам раката малку на бутот, природно“.

Таа додаде дека прекрстувањето на рацете преку градите не е „секогаш добра поза за правење“, бидејќи изгледа како да се заштитувате од некого.

„Изгледате малку одбранбено во оваа поза, во однос на говорот на телото“, рече Ана. „Но, исто така, ако размислувате за тоа на овој начин, бидејќи оваа рака станува најблиску до камерата, на крајот изгледа поголема“.

 

Поставете ја ногата пред вас

 

Во еден од нејзините совети како да ви помогне да пронајдете ласкава поза, Ана предложи да го закосите телото наместо да бидете целосно свртени кон камерата.

„Секогаш кога ќе ја ставите едната нога пред вас, на крајот ќе изгледате повисоко и, се разбира, исто така потенко“, рече тренерот на елеганцијата.

„Само лесно, природно поставете ја ногата малку пред вас. Исто така, сакам да направам мало акцентирање на мојот колк и да го туркам колкот нанадвор“.

 

Истегнете ја вашата брада нанапред и никогаш не носете ролки

 

„Класичните жени се многу свесни за својата брада и вратот секогаш кога се фотографираат“, откри тренерот на елеганцијата.

„Секогаш кога се фотографираме, ја продолжуваме брадата напред и малку ја навалуваме. И секогаш размислувајте за издолжување на вратот. Исто така и рамениците треба да одат малку наназад. Така ќе имате одлично држење на телото и навистина ќе го продолжите вратот, правејќи го подолг. И, исто така и кога ќе одите со брадата малку нанапред“.

Ана додаде дека елегантните жени би избегнувале да носат ролки кога позираат за фотографии.

„Ако знаете дека еден ден ќе се фотографирате многу, или да речеме дека ќе позирате за портрет, не носете ролки бидејќи тоа ќе ве отсече и ќе направи да изгледате компактно“.

 

Направете ја фотографијата од малку подолу

Споделувајќи ги нејзините правила за аголот на камерата, Ана рече: „Никој не изгледа навистина добро кога правите слики одозгора. Тоа не е навистина природен изглед и ве прави да изгледате пониско и не мора да е ласкаво. Или кога ќе сликате од далеку подолу каде што, во ред, можеби изгледате малку висока, но изгледа премногу неприродно“.

„Мојот предлог е за дами кои се ситни или за дами кои сакаат да изгледаат повисоки, да се сликате само малку одоздола, тоа ќе ги направи вашите нозе да изгледаат подолги и како резултат ќе изгледате повисоки. Дополнително, проверете дали камерата не е премногу навалена наназад или нанапред. Некои луѓе имаат лоша навика да го навалуваат, да речеме смартфонот, кога ќе ве сликаат. И мене лично не ми се допаѓа. Ми се допаѓа да биде исправен бидејќи тоа дава повеќе природен изглед“.

 

Навалете ги нозете кога седите

„Дами, внимавајте кога седнувате бидејќи кога колената ви се свртени кон камерата, исправени, тоа всушност не е ласкаво“, инсистираше тренерот на елеганцијата.

Таа тврдеше дека фокусот „ќе биде на точките на твоите колена и тие всушност ќе изгледаат поголеми. Секогаш треба малку да ги навалуваш така што ќе бидат дијагонално“, рече Ана, пред да објасни дека треба да ја поставите и едната нога малку напред „бидејќи тоа ќе даде оптичка илузија на подолги нозе“.

 

Блага насмевка и заводливи очи наместо смеење

За оние кои не сакаат да се смешкаат пред камера – можеби поради нивните заби или затоа што чувствуваат дека тоа им го „проширува лицето“ – Ана има решение.

Таа рече: „Можеш само благо да се насмевнете, само малку подигнете ги усните и природно да ги закосите очите како кога заведувате“.

Сепак, тренерот за елеганција предупреди за делот со очите затоа што тоа може да биде и „секси лице“ – објаснувајќи: „Ако треба да го направите тоа, направете го тоа во ситуација кога тоа има смисла. Сексапилното лице е само за неколку прилики, а тоа е кога ќе испратите симпатична слика на некого со кого сакате малку да флертувате“.

  • Rade напиша:

    Bravo be Sasho, za site imas po nesto da kazes, i toa najcesto negativen komentar, jas stvarno ne te razbiram zosto ja posetuvas stranava, ako ti smetaat objavive ne gi citaj

  • Ljube напиша:

    Rade, negledam komentar od Sasho… I mene mi e malku cudno.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Rade Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *