На „манекенка“ која потроши милиони на пластични операции ѝ пукнаа градите

На 30-годишната канадска манекенка Мери Магдалена, која e зависна од екстремни пластични операции и потроши милиони на нив, и пукна имплантот на градите. Имено „моделот“ на OnlyFans може да се „пофали“ со импланти на гради од 10 килограми и „најдебелата вагина на светот“ поради кои можеби цел живот ќе биде врзана за инвалидска количка бидејќи нејзините зглобови и грбот се борат да ги поддржат нејзините вештачки додатоци.

„Моите гради се толку тешки што сакам да купам скутер за мобилност“, напиша таа.

Причината за пукањето на имплантот засега не е позната. Според Магдалена, таа не почувствувала болка за време на руптурата на имплантот и сфатила што се случило дури кога слушнала „поп“. Некои обожаватели на Магдалена сугерираат дека градите пукнале поради експандерот, со кој таа самостојно го наполнила имплантот со раствор.

 

Како изгледала претходно:

 

Манекенката смета дека тоа што се случило е знак дека треба да се врати на природноста по повеќе од десет години трансформација. Во блиска иднина таа планира да оди на операција за отстранување на двата импланти на дојка.

„Ќе се вратам на природниот изглед не само на градите, туку и на другите делови од телото“, рече таа.

 

Магдалена за прв пат направила пластична операција на 21 година. Во текот на изминатите неколку години, таа ставила порцелански фасети, исто така правела операција за кревање веѓи, калемење маснотии, неколку операции на носот и градите, липосукција на брадата и многу повеќе.

Операциите доведоа до бројни здравствени компликации: во април 2022 година, манекенката рече дека повеќе не може да ја затвори устата поради големиот број операции на усните, а во септември изјави дека поради огромните гради била принудена да се движи само во инвалидска количка.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *