На Петровден беше осветен крстот на влезот во Кочани
Во неделата во Кочани беше извршено осветување на новопоставениот Крст кој се наоѓа кај кружниот тек во близина на „Национал“.
Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г, Иларион, во сослужение на свештениците од кочанското архиерејско намесништво.
Крстот е поставен во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“.
На свечениот чин присуствуваа бројни граѓани, верници и членови на семејствата, кои со заедничка молитва им оддадоа почит на настраданите.


Само така Господ ќе ви ги прости гревовите. Крадете,уценување, омаложувате па после крстови ќе градите.
Oдговорност нема, виновници се помалку, судења со години…ама крст им посветивме.
Да бевме саглам малце у главата колективно како народ, ќе немаше ни ваков трагичен настан, но ете.
Коментирај анонимно