На поранешна „Плејбој зајачица“ ѝ се заканува казна затвор од 25 години, поради сомнението дека си го убила својот „sugar daddy“, откако престанал си ги извршува должностите кон неа

Поранешен модел на „Плејбој“ е обвинета за убиство на психијатар од Калифорнија, откако неговото тело било пронајдено во нејзиниот багажник.

Келси Тарнер  избегнува судење и останува невина за грозоморното убиство во 2019 година, но ја прифаќа казната за вина по обвинение за убиство од втор степен.

 

 

Истражителите велат дека Тарнер и д-р Томас Бурчард (71) биле во врска и дека детскиот психијатар и плаќал кирија најмалку една година пред да отпатува од Калифорнија во Лас Вегас и да и каже на Тарнер дека повеќе не може да ја плаќа сметката за кирија.
Тарнер и нејзиното тогашно момче, наводно, го удриле Бурчард до смрт со бејзбол палка и го пикнале неговото тело во багажникот на Тарнеровиот „Мерцедес Бенц“ на пустински пат, некаде во руралните средини на Невада.

 

 

 

Се предвидува Тарнер да се соочи со 10 до 25 години затвор, а нејзиното следно судење е закажано за 15 ноември.
Тарнер и нејзиното поранешно момче Џон Логан Кенисон претходно се изјасниле за виновни за убиство и заговор во случајот. Кенисон беше осуден на 18 до 45 години затвор за неговата улога во убиството.

Во интервјуто за „Аксес Холивуд“ во затворот, тој ја негираше нивната вмешаност во убиството и инсистираше на тоа дека жртвата не е „sugar daddy“ на неговата девојка.

 

Кенисон се штитеше себе си, а и Тарнер, велејќи „ние не сме чудовишта, не го направивме тоа“ и со прстот на покажа на поранешната слугинка на неговата девојка, Дијана Пена.
Кенисон потврди дека пред неговата смрт, Бурчард плаќал за куќата на Тарнер во Лас Вегас, автомобилот и сметките, но негираше дека тој бил нејзиниот „спонзор“.

 

„Мислам дека тој беше само добар пријател. Имаше добро срце“, изјави Кенисон.

Меѓутоа, откако Бурчард престанал да ја плаќа киријата од 3.200 долари месечно на Тарнер во есента 2018 година, Тарнер, нејзините две деца и нејзината мајка биле ибркани затоа што не ја плаќале кирија, објави „Law & Crime“.

Џуди Ерп, свршеницата на Бурчард и негова животна сопатничка со која живеел 17 години, изјави дека таа изразила загриженост кај него дека Тарнер и други млади жени со ограничени пари можеби го искористуваат, но таа рече дека тој и рекол: „Во ред е, можам да си го дозволам тоа“.
Според Ерп, Бурчард со текот на годините и дал на Тарнер околу 300.000 долари, но непосредно пред неговата смрт во март 2019 година, тој отпатувал во Лас Вегас за да и каже на поранешната плејбој зајачица дека повеќе нема да плаќа за нејзиниот животен стил.

На 2 март 2019 година, Бурчард присуствувал на забава во домот на Тарнер и нејзиното момче. Според Кенисон, во одреден момент во текот на вечерта, пензионираниот детски психијатар се скарал со нивната куќна помошничка Дијана Пена. Кенисон тврди дека тој и Тарнер го напуштиле домот пеш поради страв дека нивните соседи ќе повикаат полиција и ќе се пожалат за бучава.

На прашањето како трупот на Бурчард во распаѓање завршил во багажникот на автомобилот на Тарнер, тој одговорил: „Дијана има врска со тоа“.

 

 

Додека пак, Пена тврдеше дека го видела Бурчард како излегува со модринка на главата и бара лекарска помош. Додека жртвата чекала во автомобилот за да биде однесена во болница, домаќинката изјавила дека Кенисон и Тарнер и дале инструкции да ја исчисти крвта во станот.

Пена на крајот се изјасни за виновна за помошта во убиството на Бурчард и ќе сведочи против Кенисон и Тарнер, кои би можеле да доживеат доживотен затвор, доколку бидат осудени.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • aneta напиша:

    da go gledate dokumentarecov za playboy: Secrets Of Playboy

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на aneta Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *