На Скопјанец не му идело на спортска па се послужил со парите од обложувалницата во која работел. Ништо посебно не „позајмил“, само 650.000 денари

24-годишниот М.С се одлучил да си ја „зголеми“ платата во обложувалницата на ул. Народен Фронт, каде што е вработен. Се послужил со пари кои му биле доверени и му ги дал на лицето 3.К за тој да игра на апратите во обложувалницата.

 

Во разговор со полицијата тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари на З.К. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а претпоставуваме дека веќе нема да работи во обложувалницата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.