На Скопската клиника пациентите од ист кревет умирале секој петок точно во 11 часот (виц)
На интензивна нега на Државна клиника, пациентите што лежеле во еден ист кревет, без разлика на нивната здравствена состојба, почнале да умираат секој петок точно во 11 часот.
Лекарите биле сериозно загрижени бидејќи никако не можеле да откријат што е причината.
Како што минувало времето, а пациентите без исклучок умирале во истиот кревет, секој петок во исто време, дел од лекарите почнале да се сомневаат дека станува збор за некаква натприродна појава.
Затоа решиле да соберат цел тим експерти за конечно да откријат што се случува.
Во петок, неколку минути пред 11 часот, околу „проколнатиот“ кревет се собрале специјалисти од сите области на медицината, но и луѓе што се занимавале со натприродни појави. Некои носеле крстови, некои Библија, некои Куран, а еден донел дури и венец со лук.
Точно во 11 часот, во собата набрзина влегла новата чистачка, Цвета.
Ги погледнала збунето сите насобрани луѓе, го исклучила апаратот што го одржувал пациентот во живот…
…и ја вклучила правосмукалката.


Коментирај анонимно