На стариот Поп му дошло преку глава да им простува на луѓето за гревот прељуба (виц)
На стариот поп му здодеало постојано да им дава прошка на своите верници за прељуба, па за време на една служба им рекол:
– Ако уште еднаш слушнам дека некој извршил прељуба, барајте си нов поп!
Бидејќи верниците многу го сакале, се договориле отсега, кога ќе се исповедаат за прељуба, наместо тоа да кажуваат дека „паднале“.
По некое време стариот поп починал, а на негово место дошол млад поп.
По дваесетина дена, младиот поп отишол кај градоначалникот и му рекол:
– Градоначалниче, мора итно да направите нешто со тротоарите. Верниците постојано ми се жалат на исповед дека паѓаат.
Градоначалникот почнал да се смее, бидејќи сфатил дека никој не му кажал на младиот поп за нивната шифра.
Но, пред да успее да му објасни, попот навредено продолжил:
– Не знам што ви е толку смешно. Па и вашата жена само оваа недела веќе двапати паднала!


Коментирај анонимно