На свештеникот некој му го украл петелот (виц)

Свештеник од едно мало село бил голем љубител на живина, па зад црквата чувал кокошки и петли. Едно неделно утро забележал дека му го нема најубавиот петел. Бидејќи бил сигурен дека некој му го украл непосредно пред мисата, решил да ги испраша верниците:

– Кој има петел?

Станале сите мажи.

Свештеникот збунето рекол:

– Не, не мислев така… Дали некој видел петел?

Станале сите жени.

– Не, не, ни тоа не го мислев! Дали некој видел туѓ петел?

Станала половина од жените.

Свештеникот веќе почнал да се нервира:

– Аман луѓе! Дали некој го видел мојот петел?

Станале министрантите, двајца млади свештеници и козата.

Свештеникот веќе збеснал:

– Ма нееее! Мислев дали некој во моментов држи петел во рацете?!

Од последната клупа станала една девојка, го погледнала момчето до неа и му рекла:

– Убаво ти реков дека ќе нè види!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *