Најбогатиот Ром во светот: „Јас сум Бонд, Ромски Бонд. Роден сум во приколка, а сега имам стотици милиони евра“

Најбогатиот британски ром Алфи Бест штотуку потроши неверојатни 5 милиони евра на хеликоптер дизајниран од омилената автомобилска компанија на Џејмс Бонд, Астон Мартин. Направени се само 15, а мултимилионерот Алфи го добил бројот 007 и премногу се израдувал кога го видел тоа. Исто така на авионот со седум седишта стои регистрацијата G-YPSE.

 

Додека ја отвораше вратата на хеликоптерот со високи перформанси ACH130, на аеродромот во Оксфорд, тој рече: „Неверојатно е – далеку е од моето прво возило, Ford Escort, кое го продадов за 1200 евра“

„Кога хеликоптерот дојде од фабриката на Ербас, беше малку „вооружен од армијата“, целиот зелен и сив. Но, погледнете го сега, откако момците од Астон Мартин го направија своето. Тоа е феноменално дело и мирисот на сосема нова кожа е прекрасен“.

Во внатрешноста е опремен со најдобрата рачно изработена кожа, Алфи има мала сребрена плоча на горниот дел од таблата која гласи: „Aston Martin G-YPS, издание број 007, направено за Alfie Best“.

Тој вели: „007 – ме насмевнува. Но, ви се колнам дека беше прекрасно, фантастично изненадување да се добие тој сериски број затоа што само 15 од нив беа некогаш изградени и завршивме со единствениот во светот. Ербас ми заѕвони и ми рече „Сфаќаш ли кој производствен хеликоптер е ова? Реков: „Тоа е ACH130“. „Не, не“, рече тој „тоа е 007“. Помислив, се надевам дека Џејмс Бонд е во ред со тоа што пишува G-YPSE на него. Повеќе нема да ме викаат ромскиот милионер, сега сум ромски Бонд“.

Алфи Бест сега вреди 790 милиони евра, според најновата листа на богати на Sunday Times. Не е лошо за маж роден пред 52 години во приколка паркирана покрај патот во близина на Лестер во снежна бура.

„Првиот ромски милијардер“

Алфи сега е сопственик на најголемата британска империја на станбени паркови. Неговата компанија, Wyldecrest Parks, моментално управува со 97 локации.

До крајот на годината ќе поседува 108 паркови, а следната година, ако се оди според планот, очекува да биде првиот ромски милијардер во светот. Додека позира како Џејмс Бонд за легендарниот фотограф на Sun, Артур Едвардс, Алфи вели: „Ви се колнам дека тоа е чисто деловна алатка. Тоа ќе ми овозможи да посетам пет паркови во еден ден. Додека ако се возам со автомобил, навистина не можам да ја работам работата што треба да ја работам затоа што стигнувам до таму, брзам за потоа да стигнам до следната. Двапати заспав на автопат и двапати ја удрив централната бариера затоа што е монотоно возењето по автопат“.

Алфи научил да лета, но ќе вработи професионален пилот бидејќи ги знае опасностите откако претходно урнал хеликоптер. Тој се сеќава: „Вежбавме полетување и слетување. Кога слетав, едното тркало се заглави во тревата, а другото беше на бетонска подлога. И така изгубив контрола и се превртев на страна. Мојот инструктор помина една недела на интензивна нега, а јас завршив со само мали расекотини на образот. Можеби може да се каже дека тоа е грешка на инструкторот, но јас секогаш велам: Не барај да ја префрлаш вината, прифати ја. Јас бев тој што го леташе“.

По толку страшна несреќа зошто потрошил милиони евра на нов хеликоптер? „Ако паднеш од коњот, врати се“, вели Алфи. „Јас сум смртно сериозен. Ако паднеш од коњот, врати се, па купив нов хеликоптер. Сега ја земам мојата приватна пилотска дозвола, но никогаш нема да летам без пилот“.

ACH 130, кој исто така го користат воените и спасувачките служби, речиси 5 милиони евра, а Alfie му ставил и дополнителни додатоци од половина милион евра, како врвни GPS навигациски системи, контроли од јаглеродни влакна и врвен кожен тапацир.