X

Најбруталната фудбалерка на сите времиња: Ситно ама луто, си доби 5 годишна суспензија

Како вели една стара поговорка – отровот се чува во мали шишенца.

Бразилската фудбалерка доби петгодишна суспензија откако брутално ја нападна противничката за време на натпревар од женското првенство. Играчката двапати ја удрила со глава противничката која веќе лежела на земја.

Инцидентот се случил на натпреварот меѓу екипите РДЈ Еспорт Феминино и Ас Ресенјас, во рамки на женското првенство на Еузебио, град во близина на Форталеза.

Потегот предизвика големо незадоволство, а дисциплинската комисија одлучи да изрече строга казна поради несоодветното и опасно однесување на теренот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *