Најчудниот натпревар на свет: 9 годишно момче победи на натпреварот за најдобро „галебисување“, поради тоа што совршено ги имитира звуците на галебите

Десетици луѓе од цела Европа се облекоа како галеби и се отидоа во Де Пан, Белгија во неделата да се натпреваруваат во „галебисување“.

 

 

 

Во крајно нетрадиционалниот натпревар, натпреварувачите се оценуваат според тоа колку добро можат да се облечат како галеб и да ги имитираат звуците и однесувањето на птицата, велат организаторите на настанот. Покрај општата категорија за возрасни, четвртиот годишен шампионат во „галебисување“ се пофали со јуниорска конкуренција за деца и категорија „колонија“ за оние кои се натпреваруваат во јата со двајца до петорица членови.
Единственото упатство кое им е дадено на натпреварувачите е „да врескаат и да се однесуваат како галеб. Направете го тоа добро, бидејќи имате само една шанса“.

 

 

 

Купер Валас, 9-годишен љубител на галеби од Англија, ја однесе победата во категоријата јуниори.

Тој почнал да ги практикува звуците на својот галеб пред неколку години, откако бил каснат еден ден на плажа.

„Моите школски пријатели на почетокот мислеа дека тоа е досадно. Но, не сега. Го направив тоа“, изјави Купер за лондонскиот „Тајмс“.

Еден од петте судии, морскиот биолог Јан Сејс, рече дека Купер „успеал да вклучи неколку типови на звуци во неговата изведба и секој од нив наликувал на вистински галеб на највпечатлив начин“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *