Најчудниот пат низ светот, кој истовремено е и многу ризичен, ќе ве однесе до една од најубавите плажи на Бали. Дали би тргнале по него?

Пресечен низ карпа, овој пат води до златната плажа Пандава на индонезискиот остров Бали. Варовничките карпи од двете страни на патот се издигнуваат на височина од повеќе од 40 метри. Според „The ​​Bali Sun“, рутата е долга 300 метри и широка осум метри, а интересот за неа неодамна се зголеми откако видео се појави на интернет. Клипот започнува со воздушна снимка над пукнатината на карпата, додека камерата се спушта во клисурата за да открие многу паркирани автомобили и посетители на плажата како фотографираат. Неверојатната снимка, споделена од корисник на „Инстаграм“, предизвика голема врева на интернетот.
Меѓутоа, кога видеото беше повторно објавено на „Редит“, луѓето брзо ја критикуваа изградбата.

Корисникот „Ozzy_thedog“ напиша: „Не изгледа како многу добро осмислена идеја“, на што корисникот „Smithmonster“ одговорил: „Така мислев и јас. Зошто да не возите по врвот и потоа да излезете на кратко на крајот“.

Други беа загрижени за тоа што може да се случи со патот во случај на земјотреси. Индонезија се наоѓа на огнениот прстен на Тихиот Океан, на кој отпаѓаат 90 отсто од земјотресите во светот.

Корисникот „LakerBeer“ напиша: „Тоа е како смртна замка што го чека следниот земјотрес или цунами“.

И покрај контроверзните мислења, патот стана главна туристичка атракција, при што многу патници прават селфи и видеа меѓу високите карпи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *