Најдобрата политичка кампања на Балканот на сите времиња
ДЕПОС (Демократски покрет Србије) беше опозициска политичка коалиција формирана во 1992 година во Србија, составена од повеќе партии, организации и јавни личности кои се спротивставувале на власта на Слободан Милошевиќ. Коалицијата била една од најзначајните опозициски сили во првата половина на 1990-тите и учествувала на изборите во 1992 и 1993 година. Во кампањата за парламентарните избори во 1993 година го користела слоганот „Има шансе… има, има!“, кој се гледа и во овој оригинален телевизиски предизборен спот.
Коалицијата била најактивна во периодот 1992–1995, а подоцна поради политички несогласувања и промени на опозициската сцена постепено се распаднала. Партиите што ја сочинувале продолжиле да дејствуваат самостојно или во други опозициски сојузи против режимот на Милошевиќ.

Коментирај анонимно