„Најдов тајна соба скриена во мојот подрум – бев шокирана од нејзиното мистериозно потекло“

Мисти Ипонг неодамна наиде на тајна, заградена соба во „морничавиот подрум“ на нејзиниот 200-годишен дом и отиде на „TikTok“ за да го расчисти мистериозниот случај.

 

 

 

Сè започнало кога парот, кој неодамна се преселил во куќата на северот на Њујорк во јуни, открил некакво истекување во подрумот на зградата, но изворот бил непрепознатлив, а водата изгледала како да тече од под ѕидот.

„Тогаш забележавме“, објасни Ипонг во виралното видео на „TikTok“ со 2,8 милиони прегледи: „Тоа е дефинитивно ѕид со тули“.

 

@mysteeipong

House Tour 🏡 Hopefully we have a creepy basement update this weekend #historichome #homerestoration

♬ Long version (11 minutes)(965335) – Tsuyoshi Motai

 

Нов камен – барем во споредба со околните ѕидови – бил поставен во облик на она што би било вратата на мистериозната просторија.
„Да имав избор, не, немаше да го отворам“, рече Ипонг, додека нејзиниот сопруг се оддалечуваше д барикадата.
Бидејќи истекувањето најверојатно било предизвикано од цевка сместена зад тулата, парот го започнал мачниот процес на отстранување на блоковите за да го откопа она што се наоѓа зад него – се разбира, откако ја исчистиле енергијата со жалфија.

 

 

Но, парот немал среќа: собата, дознале по неколкудневните обиди да се пробијат низ циглите, била полна со камења, што ги принудило да најдат друг начин да пробијат во тајната одаја.
Гледачите теоретизираа дека домот би можел да биде дел од подземната железница, која се користела за да им помогне на поробените луѓе да избегаат на север. По понатамошна истрага, двојката откри дека нивниот дом во Кларксон, Њујорк, некогаш и припаѓал на Луси Блоџет, која можеби имала врски со Подземната железница.

 

 

Иако не е јасно дали куќата навистина е поврзана со правците на слободата или зошто токму мистериозната соба е запечатена, некои „TikTokers“ предупредија да не ја вознемируваат спбата од страв дека куќата ќе пропадне.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *