„Најдов вознемирувачки фотографии под подот на мојот 250 годишен дом – луѓето на интернет ми велат да не ја продолжувам мојата истрага“
Една сопственичка на куќа ги остави гледачите во шок откако направи морничаво откритие под подот на својот 250-годишен дом.
„Не можам да поверувам што најдов“, напиша таа во описот на видеото што собра над 9 милиони прегледи на „TikTok“. Корисничката @hauntedamelia забележала дека една штица на подот се мрда, а кога се наведнала да провери што ја држи, открила стари предмети скриени во земјата под неа.
Прво, пронашла паричка од 1904 година од времето на британскиот крал Едвард VII – редок, но не толку невообичаен наод. Но, вистинското изненадување било правоаголниот предмет затскриен меѓу старите даски.
Во стил на Индијана Џонс, таа внимателно го отстранувала слојот прашина додека конечно не извлекла стара, богато украсена книга со дебели, златести страници. На почетокот, книгата изгледала како обичен албум со стари портрети, но колку подлабоко разгледувала, толку почудни станувале фотографиите.
„На една слика препознав дека тоа е мојата куќа“, вели Амелија. „Остатокот од албумот е исполнет со фотографии од празни соби што будат морничаво чувство“.
Сите фотографии имале една заедничка карактеристика – темна сенка што се појавувала во секоја од нив.
Иако вистинската приказна зад овој албум останува непозната, многу гледачи се пошегуваа дека таа најдобро би направила ако го остави на местото каде што го пронашла.
„ВРАТИ ЈА НАЗАД!“, предупреди еден коментатор, додека друг додаде: „Вака почнуваат сите хорор филмови“.
Без разлика на објаснувањата, Амелија најави дека планира да продолжи со истражувањето.
„Не можам да не се запрашам што сè е закопано под подот“, рече таа со возбуден, но загрижувачки тон.
Коментирај анонимно