Најинтересниот момент на натпреварот Македонија – Шкотска: Влезе куче на теренот

Другото не беше за гледање. Редно време е да платиме некој врвен стратег, да им ги отвори очите на децата. Фудбалот им е цел живот, добиле шенса да ги гледаат скаути од цел свет и се плаши да тргне напред, на голманот ја враќа. Цело раководство да си ги спрема куферите, да дојде некој што знае.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • Dragan напиша:

    Како поранешен играч во 1ва Македонска лига јас би го кажал следново- Не е до странец да се плати ,кај нас систематски се уништуваше а Богами и сеуште се уништува фудбалот.Проблемот лежи во тоа што од прв до последен се е искорумпирано и секој поединец во ФФМ не гледа подалеку од пред нос ,да не зборувам дека воопшто и не се грижат за младиот кадар…Ова е само реалност дечки на се она што се правеше во изминативе 25 30 год.Секоја чест за исклучоци ама тие се сосема малку и комплетно небитни као такви за нашиве фудбалски експерти …..

  • vase напиша:

    Мене ме разочара фактот дека има повеќе навивачи кои дошле од Шкотска, отколку навивачи од тука!!!!!! Се направи некоја фама во медиумите дека цената на билетот, као била скапа!??? 340 денари!!!! И да беше 34 ден, пак ќе беа иста цифра! Тоа се уствари „сталните навивачи“ кои доаѓаат на сите мечеви на Македонија. Оние шо се бунеа за цената на билето, тие никогаш не ни биле на ниту еден меч!!! Секоја чест на шкотите!!! Толку километара поминале да ја гледаат својата репрезентација! Башка доста пари заработија кафичите!!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *