Најјаката идеја за реклама: Што ќе направите ако видите дека на вашиот автомобил има закачено с*кси парче долна облека?

Стотици шокирани мажи и жени ја доведоа во прашање лојалноста на нивните партнери откако во петокот пронајдоа парчиња долна облека со порака на нивните шофершајбни.

„Еј дивјаку! Ги остави овие кај мене минатата ноќ“, гласеше флертувачката белешка, што предизвика жестоки дебати меѓу паровите и збунетост меѓу самците кои цела ноќ биле легнати во кревет.

 

 

Ова претставувало трик за лансирање на брендот за долна облека „Nala“, во обид да го привлече вниманието на нивните потенцијални купувачи.
„ОМГ Дали некој друг ги доби овие на својот автомобил ова утро? Толку смешен, маркетиншки генијален трик“, напишала една жена на нејзиниот профил.

„Ова може да биде главоболка за многу луѓе“, коментира еден човек.
„Можам само да ја замислам реакцијата на мојата сопруга на ова“, се насмеа друг.

 

 

Зборувајќи за „FEMAIL“, портпаролот на брендот откри дека илјада пара долна облека биле расфрлани низ предградието на Сиднеј.

„Нала“ е бренд за долна облека со седиште во Австралија, каков што досега не сме виделе. Изработка на модерни, удобни и инклузивни парчиња користејќи ткаенини кои се грижат за животната средина и тоа по достапна цена“, велат претставници на брендот.

 

Едната од ткаенините е направена од пченкарен скроб, додека другата е направена од мрежа што инаку би одела на депонија. Компанијата е толку уверена дека луѓето ќе ја сакаат долната облека што им нуди 30-дневна гаранција за враќање на парите при сите први нарачки.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *