Најмалата личност на светот изгради империја откако се помирила со фактот дека нема да има сопруг и деца

Жена на која не и дозволувале да си игра со други деца кога била мала затоа што нејзиното мало тело било многу кревко, вели дека никогаш нема да има семејство – но не ѝ пречи бидејќи не сака деца.

 

Жена која не пораснала ниту милиметар од својата тригодишна возраст, вели дека не може сама да излезе од дома и се бори да користи шпорет или дури и да стигне до повеќето кваки на вратите. Но, и покрај сите пречки, 60 сантиметри високата Џиоти Амге успеа да магистрира и води успешна медиумска империја од нејзината спална соба.

 

Сепак, таа очекува да остане сингл до крајот на животот. 29-годишната девојка од Нагпур, во индиската област Махараштра официјално беше прогласена за најниска жена на светот од Гинисовата книга на рекорди во 2011 година.

 

Иако не може да живее од нормална работа, нејзиниот статус на славна личност обезбедува постојан приход. Џиоти се појавуваше во ТВ емисии како Bigg Boss – индиската верзија на Big Brother – и American Horror Story. Таа, исто така создава содржина за нејзините 1,3 милиони следбеници на Инстаграм.

Таа објасни дека нејзиното изнемоштено тело значи дека не може да трча и да скока, па дури и стоењето во место има свои проблеми: „Не ја знам вистинската големина на чевлите бидејќи имам проблем со моите стапала. Носам специјални чевли…“

Чевлите се направени за да сместат специјална пластична конзола која доволно и ги проширува стапалата за да може да оди. Без таа помош, таа едноставно би паднала.

 

Таа не очекува дека некогаш ќе има сопруг или деца: „Никогаш не мислев дека ќе се омажам или ќе имам деца… но секако не ни сакам брак или деца“.

И покрај нејзините физички недостатоци, Џиоти е позитивна личност. На прашањето дали има сопствен телефон, паричник банкарска сметка, таа едноставно вели „Не“ пред да се насмее и додаде: „Да, секако дека имам. Тие се мои лични работи“.

Џиоти се бори да изеде цела порција за возрасни, вели таа. „Не можам довршам ниедно јадење ниту цела плескавица или пица, можам да јадам само парче“.

Таа е ноќен був, често останува будна до 2 часот по полноќ и спие дури до 13 часот. Но, додека е будна, таа секогаш е подготвена за камера: „Никогаш не излегувам без шминка. Секогаш имам шминка на моето лице“.

Таа напредува на вниманието што го носи нејзиниот минијатурен раст: „Ми се допаѓа. Поканета сум во ТВ емисии од целиот свет – тие навистина ме почитуваат“.

Луѓето бараат да се фотографираат со неа каде и да оди, што е убаво но го отежнува купувањето облека.

„Кога одам на шопинг, луѓето постојано ме малтретираат за да се сликаат. Па на крајот одам дома без да си најдам некое парче облека. Затоа сам дизајнирам моја облека“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *