„Најопасниот предмет на сите времиња“ кој бил создаден по грешка и ги убил луѓето што го направиле
Ако сте го гледале оскаровскиот филм „Oppenheimer“, тогаш сигурно знаете за Проектот Менхетен – група научници и истражувачи во САД кои за време на Втората светска војна ја создадоа првата атомска бомба.
Она што го сметале за научен напредок и успех, на крајот се претворило во смртоносен проект.
Овие експерименти, чија цел била создавање на првата атомска бомба, довеле до несреќи толку страшни што плутониумското јадро добило злокобно име – „демонско јадро“.
Но, како точно неговото создавање станало кобно за самите научници?
Во своите тестови, научниците го користеле јадрото – масивен дел од плутониум – за да ја одредат точката во која таквите јадра стануваат експлозивни, односно започнуваат нуклеарна синџирна реакција, процес познат како „суперкритичност“.
За да го постигнат тоа, научниците го поттурнувале јадрото и го набљудувале неговиот одговор. За жал, овој процес довел до првата смрт уште во 1945 година.
Физичарот Хари Даглијан работел сам – што било кршење на безбедносниот протокол – и ненамерно испуштил тули од волфрам-карбид врз јадрото. Несреќата предизвикала јадрото да стане суперкритично.
Кога посегнал да ја тргне тулата, веднаш бил изложен на фатална доза на радијација. Поминал помалку од еден месец пред да почине од радијационо труење.
Но, и покрај трагичниот инцидент, научниците продолжиле да работат на „демонското јадро“.
Следната смртна жртва паднала во мај 1946 година.
Луис Слотин, познат како „каубој научник“ поради своите ризични експерименти, тој ден работел со својот тим на тестирање на плутониумското јадро. Тие поставувале две хемисферични берилиумски куполи околу јадрото, но по грешка, двете половини се допреле.
Ова, за жал, е најголемото „НЕ“ во ваквите експерименти.
Контактот предизвикал суперкритична реакција, а радијацијата во истиот момент ја исполнила просторијата. Сите присутни добиле висока доза зрачење, но бидејќи Слотин бил најблиску до јадрото, тој подоцна починал од последиците.
Овие трагични настани предизвикале драстични промени во безбедносните протоколи за научните истражувања.
На крајот, „демонското јадро“ било стопено за да се спречат нови несреќи. Наместо тоа, од него биле направени помали јадра, кои потоа биле користени во други нуклеарни бомби и ракети во американскиот арсенал.
И покрај тоа што повеќе не постои во својата оригинална форма, „демонското јадро“ и денес се смета за „најопасниот предмет некогаш создаден“ – дури и во споредба со озлогласената „Слоновска нога“ во Чернобил.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно