„Најсексипилната навивачка“ на Светското првенство стана модел за Л’Ореал откако телевизиската камера ја забележа во толпата
На Светското првенство најчесто вниманието е насочено кон играчите, но ова натпреварување е и време за навивачите да блеснат, како што тоа ѝ се случи на белгиската навивачка Аксел Деспигелаере во 2014 година.

Содржина:
Беше фотографирана додека ја бодреше својата репрезентација
Белгиската навивачка Аксел Деспигелер беше фотографирана додека ја бодреше својата репрезентација со две пријателки, за време на победата од 1-0 против Русија во групната фаза.
Фоторепортерите на култниот стадион Маракана во Рио де Жанеиро не можеа да се заситат од неа. На главата носеше црвен, жолт и црн ѓаволски шешир, знак на прекарот и боите на националниот тим.
Фотографиите од русокосата тинејџерка станаа вирални, а навивачите брзо ја нарекоа „најубавата навивачка“ во фудбалот и „најсекси навивачка“ на Светското првенство.

Од вирална фотографија до кампања за коса, па фотографија со мртов орикс
Целата врева стигна и до раководството на француската козметичка компанија L’Oreal, која брзо реагираше и и понуди манекенски договор.
Аксел изгледаше како да обезбедила работа што може да и го смени животот. Новата улога ја почна како лице на кампања на социјалните мрежи, каде промовираше различни производи и им покажа на следбениците видео со „туторијал за коса“.
Но, работите брзо тргнаа во друг правец откако тогаш 17-годишната девојка објави непромислена фотографија на Facebook. На нејасната снимка се гледаше како држи ловечка пушка и седи до убиен орикс. Под објавата напиша: „Ловот не е прашање на живот или смрт.
Тоа е многу поважно од тоа… ова беше пред околу една година… подготвена сум да ловам Американци денес ха ха.“

„Не сакав никого да навредам.. тоа беше шега“ не го спаси договорот
Објавата веднаш предизвика жестоки реакции на интернет. Аксел подоцна додаде: „Не сакав никого да навредам.. тоа беше шега.“
Но штетата веќе беше направена. L’Oreal брзо го раскина договорот со неа, иако козметичкиот гигант никогаш не потврди дали фотографијата од ловот била единствената причина за таа одлука.
Дванаесет години подоцна, Аксел е коосновач на Spinvest Group
Денес, по драматичниот подем и пад, 29-годишната Аксел работи во родната Белгија како коосновач на Spinvest Group, семејна компанија за развој на недвижности и инвестиции.
На Instagram се уште има околу 30.000 следбеници. Во 2022 година се омажи за својот партнер Емил Стејарт, а нивното прво дете се роди во декември 2024 година.

Коментирај анонимно