Најсмешната полициска потерa: 33 годишна жена во инвалидска количка ѝ бега на полицијата откако украла торба со луксузни предмети
Најсмешната полициска потерa: 33 годишна жена во инвалидска количка ѝ бега на полицијата откако украла торба со луксузни предмети
Несекојдневна полициска потера била снимена на камера – и во неа главниот лик е жена во инвалидска количка.
Полицијата во Јужен Јоркшир во текот на викендот бркала жена осомничена дека украла торба со луксузни предмети. За да побегне, 33-годишната жена скокнала на моторизирана инвалидска количка и со голема брзина возела низ улиците обидувајќи се да им избега на полицајците што ја следеле со автомобил.
Инцидентот бил снимен од маж во блиска зграда, кој го споделил видеото на интернет.
На снимката се гледа како полицијата двапати се обидува да ја блокира со возилото, но таа вешто ги избегнува и продолжува да вози. На крајот, полицајците успеале да ја стигнат, а таа признала дека украла вредни предмети од трговскиот центар Meadowhall.
Јужен Јоркшир Полицијата официјално потврди дека инцидентот се случил во недела во 12:25 часот, кога добиле пријава за кражба во трговскиот центар Meadowhall.
„Жена на 33-годишна возраст е осомничена дека украла голема количина на вредни предмети и го напуштила местото со моторизирана инвалидска количка, возејќи по улицата Weedon Street. Таа возела нестабилно, па полицаец ја следел со автомобил загрижен за нејзината безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Жената подоцна беше уапсена, а украдените предмети беа вратени. Таа го призна делото и ќе биде санкционирана преку алтернативна судска постапка“.
Коментирај анонимно