Најсреќната жена на светот? Жена од Масачусетс добила џекпот од 1 милион долари на лотарија двапати за 10 недели!

Речиси секој што купува лотарија го поминува целиот свој живот без да ги „улови“ неверојатните шанси потребни за победа. Но, Кристин Вилсон фатила два џекпота од 1 милион долари за 10 недели и стана една од најсреќните луѓе на светот.

 

 

 

Првата победа на Вилсон била на играта за инстант билети од 50 долари од „Lifetime Millions,“ која таа ја купила во „Discount Liquors“ во Менсфилд, Масачусетс во февруари. Таа одлучила да ја добие својата награда како еднократна исплата од 650.000 долари, без данок, и рекла дека дел од неа ќе потроши за купување на теренец.

 

 

Нејзината втора победа била инстант тикетот „100X Club“ од 10 долари, игра со гребење каде играчите морале да одговараат на броевите. Вилсон ја купила оваа од „Family Food Mart“ во Менсфилд и повторно одлучила да земе 650.000 долари исплата – овој пат за да ја додаде на нејзината заштеда.

Продавницата каде што го купила билетот ќе добие и награда од 10.000 долари. Познато е дека неколку други играчи на лотарија освоија два џекпоти оваа година, но тие биле многу помали износи.

 

  • Васе напиша:

    Не би рекол дека ќе се усреќи! Читајќи по интернет за фалбаџиите од САД кои добиле огромни суми, по кратко сите се жалат, дека парите само им направиле проблеми! Веднаш, на гости ќе и дојдат сите роднини и пријатели! Нормално, че побараат некој денар (читај, долар) на заем! И ќе следат расправии, растурање на односи.
    Скоро имав слична прилика! По 10 год, на гости ми дојде братучетка. Се изненадив! Вика, ќе ја мажам ќерката (внука ми), ќе зема кредит на10 год, да и бидам 1 жирант! Одбив, далеку се 10 год! Ми се налути не ми збори!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *